Skip to main content

Прв работен ден на Лукровски како градоначалник на Карпош: Убав ден за нови почетоци!

Фејсбук профил на Сотир Лукровски

Новоизбраниот градоначалник на Општина Карпош, Сотир Лукровски од денеска го почна својот мандат.

Во објава на Фејсбук, тој сподели дека 13 ноември – Денот на ослободување на град Скопје, воедно е и негов прв работен ден како градоначалник на Општина Карпош.

Во свечена и пријатна атмосфера, од страна на Општинската изборна комисија го добив уверението за градоначалник, со што и официјално ја презедов функцијата. Посебна чест ми беше да ја поздравам Др. Добрила Андоновска, најстариот советник во Општина Карпош, заедно со сите советници, и да им посакам успешно мандатно работење и добра соработка во интерес на граѓаните, истакна Лукровски.

Со големо чувство на одговорност почнуваме ново поглавје во развојот на Општина Карпош – заедно, во служба на граѓаните!

Поврзани вести