
До 09:00 часот, според официјалните податоци на ДИК, излезноста во скопските општини е умерена, со забележливи разлики меѓу урбаните и периферните подрачја.
Највисока излезност има во Кисела Вода (3.54%), по што следат Карпош (3.08%), Центар (2.84%) и Аеродром (2.78%).
Под 2% излезност бележат Чаир (1.09%) и Сарај (0.72%), кои традиционално имаат поспора динамика во раните часови на изборниот ден.
Вкупно земено, просечната излезност во Скопје е под државниот просек, што укажува на послаб почеток на изборниот ден во главниот град во споредба со источните и југоисточните општини.

Македонски







