
Од ЕВН Македонија АД информираа дека денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општините Кисела Вода и Ѓорче Петров.
Во периодот од 09.00 до 11.30 часот, без струја ќе останат објектите на фирмите Сојуз на Здружение на Возачи и Елмиго, корисниците од улиците „Драчевска“, „Андреја Петковиќ“, „Славка Динкова“, „Гандиева“, „Ниже Планина“, „Јакупица“, „Атанас Разлов“ и корисниците од околните стопански и нестопански објекти во општина Кисела Вода, како и корисниците од ул. „Иван Цакар“, поголем број од парните броеви, во општина Ѓорче Петров.