На задоволство на аеродромци, започнавме со обнова на запуштениот простор позади ТЦ „Капитол“, едно од омилените собиралишта на жителите, напиша на својот фејсбук профил министерот за локална самоуправа, Златко Перински.
На просторот од 4.500 м², кој досега не бил обновуван, ќе се постават гранитни плочки, ново осветлување, клупи, корпи за отпадоци.
Овој проект, вреден 45 милиони денари, е еден од осумте кои ќе се реализираат во Аеродром со средства од државниот буџет преку првиот јавен повик за финансиска поддршка на инфраструктурни општински проекти.
Ова е доказ дека Владата е партнер на локалните самоуправи. Така почнавме, така продолжуваме, сѐ со цел да го подобриме квалитетот на животот на сите граѓани на Република Македонија.
Со денешниот настан, завршуваме со теренската посета на Општина Аеродром, во рамки на иницијативата „Каде што срцето е дома“, на која Аеродром беше првата општина домаќин на планирана серија посети на општините.