
Кандидатот за градоначалник од редовите на владејачката партија ВМРО ДПМНЕ за Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави видео со кое ги потенцира капиталните проекти за Скопје.
Тој потенцира дека е време градот да биде зелен и еколошки, со многу паркови, зелени површини и средени кејови.
Го имате мојот збор, доаѓа време кога сите ќе живееме подобро. Скопје го правиме заедно, објави Ѓорѓиевски.