
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски објави дека по 8000 денари финансиска поддршка ќе добијат семејствата за секое новороденче.
Продолжуваме со зголемена грижа и поддршка за најмладите и нивните семејства. Од оваа година, секое новородено добива 8.000 денари финансиска поддршка – конкретна помош во најубавите, но и најодговорни моменти за секое семејство, објави Стојкоски.
Тој потенцира дека ова не е само финансиска мерка, туку јасна порака дека семејството, децата и иднината се наш приоритет.
Инвестираме во животот од самиот почеток. Продолжуваме со политики што носат сигурност, грижа и поддршка – таму каде што е најважно, потенцира во објавата градоначалникот.

Македонски




