Skip to main content

Општина Аеродром одбележа 20 години постоење и 153 години од раѓањето на Јане Сандански

Општина Аеродром

Општина Аеродром одбележа 20 години постоење и 153 од раѓањето на македонскиот револуционер Јане Сандански.

Граѓани се собраа во паркот со неговото име, а в.д. градоначалникот на општината, Дејан Митески, со општински претставници и други делегации, положија цвеќе пред споменикот на Сандански.

Во рамките на програмата беа доделени плакети, признанија и благодарници.

Признанија и благодарници добија и вработените во Општина Аеродром, кои неуморно работат на создавање уште подобри услови за аеродромци цели 20 години, а доказ за тоа дека светот останува на младите, беа и најмладите добитници, кои уште од најрана возраст нижат успеси во различни области. Аеродром денеска уште еднаш покажа дека има со што да се гордее. Сите ние можеме да бидеме сигурни дека како и досега, така и во иднина ќе бидеме општина од каде излегуваат огромен број таленти што достојно нѐ претставуваат во светот“, се наведува во соопштението на Општина Аеродром.

Поврзани вести