Skip to main content

Лукровски од менаџерска позиција станува кандидат за градоначалник на Карпош

За Карпош Сотир Лукровски, кој доаѓа од приватниот сектор, има успешна професионална кариера со менаџерски способности. Ова денеска по состанокот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ го изјави лидерот на партијата Христијан Мицкоски за кандидатурата на Лукровски за градоначалник на Општина Карпош.

Лукровски е еден од ретките од листата кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ кој нема претходна политичка кариера.

Тој е роден карпошанец, сопруг и татко на три деца, дипломиран економист и доаѓа од менаџерска позиција во една од најголемите домашни компании.

Лукровски е по потекло од Егејска Македонија и е повеќегодишен граѓански активист и борец за правата на Македонците во Грција. Таа негова активност му донесе и забрана за влез кај нашиот јужен сосед.

„Првично можам да ветам само многу работа, чесно и транспарентно работење, поддадена рака секому. Можам да ветам многу љубов за Карпош”, изјави Лукровски по денешната кандидатура.

Поврзани вести