Skip to main content

Автобуската линија 37 од први септември преоѓа на зимски возен ред

ЈСП Скопје ги известува корисниците на автобуската линија број 37 – Карпош 3 – Радишани дека, почнувајќи од 01.09.2026 година, линијат ќе сообраќа согласно зимскиот возен ред.

Возниот ред за линијата број 37 може да се погледне на официјалната интернет-страница на ЈСП Скопје.

Од ЈСП потсетуваат дека од 17.08.2026 година започна да сообраќа новата линија број 37 – Карпош 3 – Радишани, согласно летен возен ред, само во делник.

Во периодот од 17.08.2026 до 31.08.2026 година, линијата сообраќа со следните поаѓања:

Од Карпош 3: 06:40, 08:10, 14:10 и 15:40 часот.

Од Радишани: 07:25, 08:55, 14:55 и 16:25 часот.

Линијата сообраќа по следните сообраќајници:

Карпош 3 – Радишани:

ул. Манапо, бул. Илинден, ул. Бледски договор, бул. Партизански одреди, бул. 8 Септември, ул. Качанички пат.

Поврзани вести