Skip to main content

Донесовме одлука за намалување на цените на училишниот прибор за да го олесниме товарот врз семејниот буџет, вели Мицкоски

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање нагласи дека Владата донесе одлука за намалување на училишниот прибор пред почетокот на новата учебна година за 10 проценти во трговија на големо и до 15 проценти во трговија на мало, со што како што рече да се олесни товарот на семејниот буџет на родителите.

„Пред два дена на владина седница донесовме одлука за намалување на цените во големопродажбата за 10 проценти, и во малопродажбата до 15 проценти. И тука е опфатен целокупниот училишен прибор. Сè што спаѓа во училишен прибор од тетратки, моливи, пенкала, гуми, блокови, ранци, сето тоа е опфатено со оваа одлука и треба јасно да биде означено брендирано. И оваа одлука ќе трае до 30 септември. Очекуваме на овој начин пред почетокот на учебната година на родителите да им ги олесниме овие почетни училишни денови, односно да може да се генерира заштеда во семејниот буџет. И цениме дека како Влада тоа е корисно што го правиме“, вели Мицкоски.

Поврзани вести