
Русија денеска ја прогласи вршителката на должноста амбасадор на Романија во Москва, Лилјана Бурда, за „персона нон грата“.
На Бурда денеска во руското Министерство за надворешни работи и беше врачена нота, со која се прогласува за непожелна личност,
Како што се наведува во соопштението од руското МНР, прогласувањето на Бурда за непожелна личност е одговор „на претходната неоснована одлука на романската страна да прогласи вработен Амбасадата на Русија во Букурешт за персона нон грата“.
МИА

Македонски


