
ПОСТАВУВАМЕ НАД 50 “ЛЕГНАТИ ПОЛИЦАЈЦИ” НИЗ СИТЕ НАСЕЛЕНИ МЕСТА ВО ОПШТИНА БУТЕЛ
Денес започнавме со поставување на сообраќајната опрема во општина Бутел за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.
Во соработка со жителите кои сами ни ги посочија локациите се поставуваат препреки за намалување на брзината на возилата или таканаречени легнати полицајци на повеќе фреквентни локации и улици низ сите населени места.