
На денешниот Саем-Отчет по повод „4 години работа за тебе“, се обрати градоначалникот на општина Велес, Марко Колев кој ги истакна значајните реализирани проекти за општина Велес, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ кое што МИА го пренесува интегрално.
„Во делот на спортската инфраструктура во изминатите четири години направивме пет спортско рекреативни комплекси, шест спортски терени, реконструкција на спортски сали, Велес има еден од најдобрите пазари во Република Македонија. После 20 години застој почна да се гради кејот на реката Вардар, и во наредните четири години доколку ја добиеме поддршката продолжува кејот да се гради“, рече Колев.
Градоначалникот објасни дека проблемот со уличното осветлување е решен, улиците се реконструирани, како и санацијата на мостот кај Башино село.
„Имавме сериозен проблем во делот на уличното осветлување, имавме застарен систем и веќе Велес има над 4985 светилки, лед светилки со систем за контролери што значат голема заштита за електрична енергија, делумно или целосно се реконструирани над 100 улици, мостот кај Башино село, благодарение на премиерот на министерот за транспорт, и директорот на јавното претпријатие за државни патишта се санираше мостот. Подземната патна гаража со поддршка на Владата е почнато да се прави, се работи на неколку фази ќе биде на три нивоа, обрнавме сериозно внимание во делот на културата затоа што Велес беше препознатлив како град на културата“, рече Колев.