Skip to main content

Интензивни врнежи во Скопскиот регион, најмногу дожд наврна во Петровец

freepik

Нестабилно време во речиси сите региони од земјава. Поинтензивни врнежи има претпладнево во Скопскиот регион.

Долготрајните врнежи кои вчера ја зафатија Македонија донесоа значителни количини дожд. Нестабилно време со повремени врнежи се очекува и денес, особено во Скопје и околината. Преодно стабилизирање на времето се најавува од петок.

Температурите и натаму ќе бидат под просекот за овој период од годината, со дневни вредности околу 25 степени во повеќето делови од земјата.

Утре ќе има изолирана појава на нестабилност и ќе дува умерен до засилен северен ветер. Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и топло со пораст на дневната температура.

Поврзани вести