
Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски објави дека вчеравечер започнале со акција за чистење на Центар.
Во акцијата е вклучена целата механизација на општината и сите наши вредни хигиеничари ќе го чистат сметот од контејнерите, улиците и булеварите. Упатувам голема благодарност за секој еден хигиничар кој секојдневно ја докажува својата грижа за Центар, објави Герасимовски.
Тој потенцира дека треба да ја чуваме чистотата и дека тоа е заедничка одговорност.

Македонски







