
Град Скопје ги објави членовите на Координативното тело кои се вклучени во проектот за Скопје европска престолнина на културата за 2028, со решение избрани на 2 јануари 2025 година, и објавени на веб страницата на проектот.
Координативното на „Скопје ECoC 2028“ ги обединува културните професионалци, креативните визионери и партнерите од заедницата кои се посветени на обликувањето на патувањето на Градот како Европска престолнина на културата. Нашата мисија е да го прославиме уникатниот идентитет на градот, истовремено поттикнувајќи соработка, иновации и инклузивност преку проекти што ги поврзуваат локалните и меѓународните уметници, институции и граѓани. Со дизајнирање и спроведување разновидна културна програма, имаме за цел не само да го претставиме Градот на европската културна мапа, туку и да создадеме трајно наследство што ќе го инспирира и трансформира градот за идните генерации“, стои на веб-страницата.
Во Координативното тело членуваат Ана Јовева, Мира Гаќина Ивановска, Лазе Трипков, Билјана Ќулавковска, Марија Станчевска Ѓоргова, Арбен Шаќири, Филип Петровски, Јована Ѓорѓеска Кузманоска, Слободан Милошески, Ангелика Аспис, Вердјина Бајкова и Владо Костурски.
Скопје ја поднесе кандидатурата за европска престолнина на културата во 2018 година во мандатот на ексградоначалникот Петре Шилегов, а тогаш министер за култура беше Роберт Алаѓозовски.
Тимот по прогласувањето на Скопје-Европска престолнина на културата 2028 во септември 2023 во Брисел
Скопје беше избран за европска престолнина на културата во 2023 во Брисел, во тесна трка со Будва, во мандатот на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и градоначалничката на Скопје Данела Арсовска.

Македонски



