Skip to main content

Ѓорѓиевски: Еден од првите приоритети на градот Скопје ќе биде проширување на булеварот „Цветан Димов“

Претседателот на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), Орце Ѓорѓиевски, и кандидат за градоначалник на Град Скопје денес, заедно со кандидатот за градоначалник на Општина Чаир Изет Меџити, заменик-министерот Ѓоко Велковски и пратеникот Беким Сали, извршивја увид и најавија проект за решавање на децениски проблем со булеварот „Цветан Димов“.

-Секојдневно, повеќе од 100.000 граѓани ја користат оваа делница која ги поврзува Чаир, Бутел, Шуто Оризари и Центар, но за жал досега сите ветувања од поранешните градоначалници останаа само зборови. По големата победа во октомври – со поддршка од сите наши сограѓани, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи и други, една од првите задачи ќе биде токму оваа, изјави Ѓорѓиевски.

Скопје заслужува безбеден и функционален булевар, а нашата цел е тоа да се постигне со сериозна работа и многу труд, потенцира во изјавата.

-Свесни сме во каква состојба се наоѓа градот и затоа сме тука да ја направиме разликата, да ги ставиме во функција запоставените јавни претпријатија, да ја исчистиме депонијата во која се претвори, да го надминеме сообраќајниот хаос и да донесеме вистински решенија за безбеден, чист и достоинствен град. Скопјани веќе нема да чекаат – време е за промени кои ќе се чувствуваат на терен и време е за ново, посигурно и поубаво Скопје, изјави Ѓорѓиевски.

Поврзани вести