Skip to main content

Главниот цевковод во Скопје ќе се запира на 21 декември: Ќе се санира дефектот во Карпош 4

Од ЈП Водовод и канализација најавија дека на 21 декември ќе го затворат главниот градски цевковод во кругот на касарната во Ѓорче Петров заради санација на дефекти. Во овој процес ќе се санира еден од поголемите дефекти на улицата Никола Парапунов во Карпош 4, каде што има излевање на вода на улицата веќе десетина дена. Цевководот ќе биде затворен до завршување на интервенцијата.

Од Претпријатието информираат дека изготвиле сложен оперативен план кој вклучува санација на уште три дефекти на затварачи по должината на главниот цевковод Ф-1600 милиметри. Затворањето ќе биде направено на локација во кругот на касарната во Ѓорче Петров, при што ќе се исклучи водоснабдувањето на главниот градски цевковод Ф-1600 милиметри. Ова затворање не се случува често, последниот пат било во 1991/1992 година, а зафатот е неопходен за решавање на дефекти од овој тип. Со санацијата, освен што ќе се санираат дефектите, ќе се намали загубата на вода и ќе се ревитализира овој дел од водоводниот систем од Ѓорче Петров до Карпош.

Меѓутоа, додека се извршува санацијата, жителите на Карпош 4 продолжуваат да се соочуваат со проблеми од поплавени улици, тротоари и зелени површини, со насобран смет, што е сериозен проблем за локалното население. Некои граѓани стравуваат дека гаражите во близина може да се поплават поради дополнителните врнежи.

Поврзани вести

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme BonuslarCasibom Girişcasibomcasibom girişbonus fırsatıDeneme Bonusu 2024bonus 2024CASİBOMcasibomcasibom girişcasibom girişcasibomcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibomistanbul escortistanbul escort