Skip to main content

Герасимовски: Испративме протестна нота до Амбасадата на Австрија поради непрописно паркирање во пешачка зона во Капиштец

За странските дипломати мора да важат истите прописи за паркирање како и за сите други граѓани во Центар. Испративме протестна нота до Амбасадата на Република Австрија поради непрописно паркирање во пешачка зона во паркот во населбата Капиштец, информираше денеска градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, додавајќи дека оваа постапка претставува директно прекршување на сообраќајните правила и нарушување на јавната безбедност.

„Овој простор е наменет за рекреација на граѓаните, со спортски и детски игралишта каде секојдневно престојуваат деца, млади и семејства. Со ваквото однесување се загрозува јавниот ред и безбедноста во урбаната средина. И покрај дипломатскиот статус на возилата, почитувањето на локалните прописи и правилата за јавен ред и безбедност е основен принцип што важи за сите, вклучително и за дипломатските претставништва во Република Македонија. Бараме од Министерството за надворешни работи да ја извести Амбасадата на Република Австрија и да преземе соодветни дипломатски мерки за спречување на вакви случаи во иднина. Го изразувам своето уверување во взаемното почитување и соработка со дипломатската заедница, во духот на добрите односи и меѓусебното разбирање, истакна Герасимовски во својата објава на Фејсбук.

Тој воедно посочи дека ја користи приликата да го изрази своето уверување во взаемното почитување и соработка со дипломатската заедница, во духот на добрите односи и меѓусебното разбирање, додавајќи дека правилата за јавен ред и безбедност мора да важат за сите.

Поврзани вести