
Општина Гази со средства од општинскиот Буџет за 2026 година, наменети за финансирање на програмски активности на здруженија и фондации, ќе поддржува креативни, иновативни и одржливи проекти кои треба да придонесат кон унапредување на квалитетот на животот на граѓаните.
Средствата се наменети за проекти од јавен интерес во повеќе приоритетни области, меѓу кои: граѓанско општество и демократизација, човекови права и еднакви можности, здравство, образование и предучилишно воспитание, социјално-хуманитарна дејност, млади, спорт, екологија, информации и меѓународна соработка, информираа од Гази Баба.
Јавниот повик веќе е објавен и ќе трае до 4 фебруари, до кога сите заинтересирани здруженија и фондации од Гази Баба да се пријават.
Јавен повик за финансиска поддршка за здруженија и фондации кои дејствуваат на нејзина територија објави и Општина Центар, кој ќе трае до крајот на месецов. Средствата се наменети за поддршка на локалната заедница, со фокус на развојот на микро-бизнисите, програмите и проектите за млади, социјалните услуги, родовата еднаквост, заштитата на животната средина и образованието за возрасни.
Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски посочи дека невладините организации се докажани партнери на општината, промотори на позитивни вредности и нови идеи.
Ги повикувам сите здруженија и фондации што имаат добра идеја и квалитетен проект да се пријават на јавниот повик и да ја искористат можноста за финансиска поддршка“, порача градоначалникот Герасимовски.

Македонски




