
Пензионерите со ниски примања од општина Гази Баба ќе добијат финансиска поддршка од по 2.500 денари.
Градоначалникот Бобан Стефковски информира дека е објавен Јавен повик за доделување на финансиска поддршка на пензионери со ниски пензии, во насока на подобрување на нивната социјална и економска сигурност.
Услови за учество на јавниот повик:
Апликантот да биде жител на Општина Гази Баба;
Да биде примател на старосна, семејна, инвалидска пензија или социјална пензија (право на социјална сигурност);
Висината на пензијата да не надминува 23.000 денари месечно.
Потребна документација:
Барање за доделување на финансиска поддршка на пензионери во социјален ризик;
Фотокопија од лична карта;
Фотокопија од трансакциска сметка;
Чек од банка за последна примена пензија;
За корисници на социјална пензија: Потврда или Решение издадено од надлежниот Центар за социјални работи (ЦСР Гази Баба).
Рок за поднесување на барања:
Од 06.05.2025 до 20.05.2025 година, или до исцрпување на предвидените средства, по принципот „прв дојден – прв услужен“.
За оваа намена, Општина Гази Баба има обезбедено вкупен буџет од 7.695.000,00 денари.