
Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието со поддршка од УНИЦЕФ и Шведска утре, на 9 мај 2025 година ќе ја организираат активноста Еко час во сите основни и средни училишта низ државата, информираат во УНИЦЕФ.
Активноста е дел од големата национална кампања Генералка викенд, чија цел е подигање на свеста за значењето на заштитата на животната средина. Ученици од основното училиште „Лазо Ангеловски“, заедно со претставничката на УНИЦЕФ Лесли Милер, директорката на Бирото за развој на образование Милка Тримчевска градоначалникот на Аеродром Дејан Митески ќе чистат во и околу училиштето“, информираат од УНИЦЕФ.