Skip to main content

ДИК: Ѓорѓиевски убедливо во водство во Скопје

Кандидатот на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, убедливо води во трката за градоначалник на Град Скопје, со освоени 61,71% од гласовите или 58.467 гласа.

Неговиот противкандидат Амар Мециновиќ од Левица има поддршка од 32,89%, односно 31.160 гласачи.

Според најновите податоци на Државната изборна комисија (ДИК), обработени се 457 од вкупно 685 избирачки места, што претставува 66,72% од избирачките места во главниот град.

Досега на гласање излегле 308.127 граѓани, што претставува излезност од 64,96%.

Жолтата боја на изборната карта ја означува предноста на ВМРО-ДПМНЕ, додека црвената ја прикажува поддршката за кандидатот на Левица.

Поврзани вести