Skip to main content

Блесна Светиот крст во црквата „св. Четириесет маченици“ кај Смилковско

Фејсбук/Бобан Стефковски

Блесна светиот крст во дворот на Црквата на Смилковското Eзеро, соопшти градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски.

Потсети дека општина Гази Баба во соработка со општествено-одговорна компанија, изгради свет крст во дворот на Црквата на Смилковското Eзеро која е изградена во спомен на петте убиени момчиња.

На 23-ти февруари 2013 година во близина на езерскиот брег, на местото викано Кршиколе или Крст, веднаш до заобиколницата беше осветен камен темелник на црквата Црква „Св. 40 Маченици“, која е посветена на младите настрадани момчиња. Камбанаријата е во тек на градба, извести градоначалникот на Бутел Дарко Костовски.

Поврзани вести