Skip to main content

Завршува рокот за кандидати за градоначалници и советници за локалните избори

Вечерва на полноќ истекува рокот за поднесување на кандидатурите за градоначалници и советничките листи за локалните избори кои треба да се оддржат на 19 ти октомври.

ВМРО-ДПМНЕ објави дека целосно ги комплетираа листите за советници и кандидати за
градоначалници за претстојните локални избори.

Партијата е целосно мобилизирана и очекуваме голема победа,“ нагласи генералниот секретар Ѓоргија Сајкоски.


Сајкоски додаде дека советничките листи се изработени врз основа на предлози од месните и општинските комитети и дека, според анкетите и анализите, ВМРО-ДПМНЕ ќе освои повеќе советници и градоначалници отколку на изборите во 2021 година.

Поврзани вести