
Гласањето во Општина Ранковце денеска беше мирно, a сите избирачки места се навреме затворени. Претседателот на Општинската изборна комисија во оваа општина, Орце Тодоровски, информира дека точно во 19 часот е завршено гласањето на вкупно 13-те избирачки места, а сите граѓани што се затекле на местото на гласање во тој момент го оствариле избирачкото право за избор на градоначалник и советници во општината.
Висока излезеност го одбележа денот на гласањето и до 18:30 часот изнесува 69,34 отсто.
Од вкупниот број граѓани, 2 921, запишани во Единствениот избирачки список, до 18:30 своето прво на глас го оствариле 2 024.
Тодоровски информира дека од терен веќе пристигнуваат првите обработени податоци од гласањето.
На овие локални избори, осми по ред од осамостојувањето на државата, во вториот круг жителите на Ранковце одбираа помеѓу Даниел Павловски од ВМРО ДПМНЕ и Даниел Крстевски од СДСМ.
Во првиот круг свој кандидат за градоначалник на општина Ранковце имаше и Левица.

Македонски






