
Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, Флакрон Беџети си поднесе оставка од функцијата.
Оставката ја најави преку својот профил каде објави фотографија.
Денес поднесов неотповиклива оставка од функцијата заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство на Македонија. Тоа беше 10-месечен период на посветеност, одговорност, за да се служи оваа функција во корист на земјоделците и сите други што ги претставува ова Министерство. Верувам дека со достоинство, транспарентност, сериозност и гордост, придонев на оваа позиција, колку и да е малку, за општото добро. Оваа задача ми овозможи да запознаам добри луѓе, пред сè земјоделци и сточари, едноставни, но чистосрдечни луѓе со кои, колку и да малку верувам, останав близок за време на вршењето на мојата должност, напиша тој и се заблагодари до премиерот, министерот за земјоделство, владиниот кабинет и неговите колеги и соработници за коректната и меѓусебна соработка.