Skip to main content
Став на ВМРО-ДПМНЕ

Заев призна дека потпалувачот на пожари бил шофер кај него во општината

Самиот Зоран Заев призна дека потпалувачот на пожари бил шофер кај него во општината, СДС да се извини и огради од Заев. Зоран Заев во изјава за еден пишан медиум кажа: ,,Александар Николов во тоа време, колку што се сеќавам, работеше на портирницата во општината и беше возач на општинско возило”, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ од прес-конференцијата на пратеникот Миле Лефков,.

Лицето А.Н. кое било шофер кај Заев е потпалувач на пожар, кое е уапсено од полицијата. Кој може да верува дека шоферот на Заев потпалувал пожар на своја рака, без нечија насока?

Дел од пожарите се потпалуваат од лица блиски до опозицијата, а затоа има и уапсени.

И додека овие пиромани како шоферот на Заев ги палат пожарите, СДС и нивните апологети креваат паника и шират лаги во јавноста.

СДС се притиснати до ѕид. Наместо да држат прес-конференции и сеат магла, да се извинат за шоферот на Заев и оградат од него.

Поврзани вести