Skip to main content
-zs_hksP7qg
СТАВ НА ВМРО ДПМНЕ

Заев и Филипче ја претворија Македонија во Колубија на Балканот

Каде е менторот Зоран Заев, таму е и чиракот Венко Филипче кој дословно го учи занаетот. Каде има криминал, корупција, па и производство и шверц на дрога, таму е и Заев.Бизнисот со марихуана, кој наместо за медицински цели, очигледно, завршувал на црниот наркопазар, очигледно е дека поминувал со аминување на Заев и Филипче. Со ова, Македонија ја направија Колумбија на Балканот,вели Бране Петрушевски.

Надлежните институции пред неколку дена, по детално спроведена истрага, запленија околу 40 тони марихуана од компании со лиценци за производство на канабис за медицински цели, истите оние фирми на кои Заев и Филипче им доделиле лиценци за работа.

Но, медицинската марихуана била само параван за организиран криминал и нелегална трговија со дрога. Така, околу 30 тони или околу 70% од запленетата марихуана е од фирмата „ЦБД Медплант“ од Ново Село, блиска и поврзана со Заев, Филипче и СДС.

Основач на оваа компанија Христијан Котев, син на Тони Котев, познат по прекарот М’гчев, човек близок до Зоран Заев и поранешен претседател на општинскиот одбор на СДС во Ново Село, а лиценцата ја добил во времето на Заев и Филипче.

Сите знаат како во време на власт на СДС, Заев и Филипче се ваделе лиценци за производство на канабис за медицински цели. Најважниот услов кој требало заинтересираните да го исполнат е да бидат блиски на СДС, Зоран Заев и Венко Филипче.

Дека е така може да се заклучи и од паничните реакции на Заев и Филипче, каде што едниот се јавува со нејасна реакција на социјалните мрежи, а според сознанијата се интересирал и лично се јавувал за петте запленети тони марихуана, додека Филипче во паника се упатил кон јужната граница. Дали ова шетање на Филипче во Грција е само по барање на Заев? Дали имале средба и што било разговарано на истата?

Сите овие индиции и меѓусебни поврзаности на Заев и Филипче со шверцот на медицинската марихуана, Јавното обвинителство мора да ги истражи. Колку и да има таму лица под контрола на СДС, Заев и Филипче, мора да се издигнат, да се надминат себеси, да постапат согласно закон и да го истражат целиот случај. Како се издавале лиценците, кој се произведувал марихуана и зошто таа наместо за медицински цели, гледаме дека завршувала на црниот пазар? ЈО да истражи.

Поврзани вести