
Во Кичево и Струга, рече вечерва Арбр Адеми на прес конференција, нивните кандидати влегуваат во втор круг, со противкандидати од ВМРО-ДПМНЕ. Фатмир Дехари оди во втор круг со Александар Јовановски, а Арсим Далипи оди во втор круг со Менди Ќира.
Во Чашка ќе имаме градоначалник од редовите на Националната алијанса за интеграција (НАИ) – рече Адеми додавајќи дека со тоа е испишана историја.
За Чашка се кандидираше Суат Шаќири од НАИ.