
Партијата што го уништи владеењето на правото, денес држи предавања за ЕУ? Иронијата има име: ДУИ! Денешната изјава на Арбeр Адеми за „неуспехот во владеењето на правото“ јасно ја покажува исклученоста на ДУИ од реалноста. Неверојатно е да се слушне партија, чие половина раководство е на црната листа за корупција, да зборува за европски стандарди кога ДУИ е главната причина зошто со години земјата не напредувала ниту еден чекор во основните обврски од Кластерот I, велат од ВРЕДИ.
ДУИ, која 20 години го претвори заробувањето на државата во уметничка форма, денес се преправа дека е моралист и тврди дека го брани владеењето на правото. Но, граѓаните ги знаат фактите: Судството беше претворено во подружница на ДУИ. Одлуките не беа донесени во судовите, туку во партиските ходници,
Промените во Кривичниот законик беа донесени за амнестија на корумпираните. А денес зборуваат за владеењето на правото? Владеењето на правото е токму областа каде што ДУИ остави најдлабоки траги, а тоа не го кажува политиката, туку самата Европска Унија, велат од ВРЕДИ.
ВЛЕН е за финансирање и вистинска независност на судството, но и за силни механизми за одговорност, така што правдата ќе им служи на граѓаните и на никој друг.

Македонски






