Skip to main content

Вреди и ДУИ пак се скараа за „српскиот свет“

Повеќе од јасно е дека или си со Вашингтон и Европа, или си со српскиот свет. Ние во текот на една година имавме непрекинати средби, го продлабочивме соработувањето со амбасадори и меѓународни претставници, остваривме над пет посети на лидерите на ВЛЕН во Вашингтон само во една година и нашиот правец е јасен и недвосмислен, стои во соопштението од ВРЕДИ.

Бујар Османи, прашањето е за тебе: кому му ја отвори вратата? Освен вечери со Лавров и подземни српско-црногорски врски, кој од меѓународниот фактор ти ја отвори вратата во изминатата година? Никој.

Лажеше за средбата со поранешниот премиер Никола Груевски, јавно негираше, но денес постојат јасни докази кои те разобличуваат. Лажеше и за твоите контакти со државните лидери на Србија, затоа што се документирани најмалку единаесет средби скриени од јавноста, за кои никогаш не си дал отчет. Лажеше и за влезот на српскиот капитал во телекомуникацискиот сектор, бидејќи токму за време на твојот мандат беше дадена дозвола за компанијата МТЕЛ. А ти беше еден од најгласните поддржувачи на пропаднатиот проект „Отворен Балкан“, иницијатива што му ја отвори вратата на Белград да го прошири своето влијание и ги оштети интересите на Албанците.

Додека ВЛЕН ги зацврстува врските со Вашингтон и со западните партнери, ти го простре црвениот тепих за српскиот свет.

Поврзани вести