
Централното претседателство на Вреди го одржа својот следен состанок и меѓу другото, ги разгледа кандидатурите за претстојните локални избори, соопштија од Вреди.
По овој повод, Претседателството на Вреди заклучи дека примарна цел на овој субјект останува да предложи најприфатливи кандидати за граѓаните, градоначалници кои ќе им служат на нивните локални интереси, информираат оттаму.
Врз основа на ова, Претседателството на Вреди ја одобри листата на кандидати за градоначалници:
– Во Тетово, кандидат на Вреди ќе биде актуелниот градоначалник, Билал Касами.
– Во Чаир, ќе се кандидира првиот вицепремиер, Изет Меџити.
– Во Струга, Вреди го поддржува независниот кандидат Менди Ќира.
– Во Кичево ќе го кандидира министерот за Социјална политика, Фатмир Лимани.
– Во Дебар, кандидат на Вреди ќе биде заменик-директорот на Управата за јавни приходи, Фисник Мела.
– Во Градот Скопје, Вреди го предлага директорот на Дирекцијата за општи услуги во Универзитетскиот клинички центар во Скопјe, Башким Бакиу.
– Во Сарај, кандидат на Вреди ќе биде директорот на претпријатието „Номагас“, Мухамед Елмази.
– Во Липково, Вреди го кандидира директорот на Државните резерви на нафта, Неџмедин Садику.
– Во Арачиново Вреди ќе настапи со Даут Беќири.
– Во Желино ќе продолжиме со актуелниот градоначалник на оваа општина, Блерим Сејдиу.
– Во Теарце ќе се кандидира директорот на Бирото за регионален развој, Даут Мемиши.
– Во Боговина, Вреди го кандидира Фети Абази.
– Во Брвеница, Вреди го кандидира директорот на Државниот инспекторат за локална самоуправа, Хаќим Рамадани.
– Во Долнени, Вреди ќе се кандидира со наставникот Блерим Ислами од село Цернилиште.
Во оваа прилика, ве известуваме дека сè уште нема конечна одлука за кандидатите за општините Гостивар, Врапчиште, Студеничани и Чашка. Во разговори сме со неколку кандидати и потенцијални, секогаш обидувајќи се да понудиме најдобри имиња за овие општини, велат од Вреди.
Тука нагласуваме дека сите овие се кандидати на Вреди и, како што претходно одлучивме, ниту еден од нив не се кандидира под партиско лого. Всушност, освен што се кандидати на Вреди и идни градоначалници на општини, тие ќе бидат слуги на сите граѓани без оглед на етничката, религиозната и политичката припадност, заклучуваат од Вреди.