
Според податоците на Државната изборна комисија за излезеноста на локалните избори до 18:30 часот во Врапчиште изгелге 21,41 отсто од запишаните гласачи, во Маврово Ростуше 28,58% и во Центар Жупа 21,30 отсто, што е далеку под минимумот од една третина од запишаните гласачи.
Според Изборниот законик, за да има победник во првиот круг или за да има втор круг гласање по две недели, денеска мора минимум да гласаат 33,33% од избирачите запишани во секоја од општините.