
Целата македонска јавност е сведок дека со денови се измислуваат теми, се конструираат случаи, се шират невистини.Кујните на ДПМНЕ со денови прават обиди да се одвлече вниманието на граѓаните од најважното прашање: предавството на Македонија, мигранти за пари, велат од СДСМ.
Во Собранието доставија документ за предавство на државата за пари, а паралелно постојано пласираат измислени теми за дефокус. Кујните работат со полна пареа.
„СДСМ ја напуштија седницата кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти“ објавија кујните на ДПМНЕ.
А вистината? Премиерот Мицкоски побегна од пратенички прашања и од дискусија за Резолцијата на СДСМ со која се става крај на оваа тема.
Дури и изјавите на амбасадорката на САД беа предмет на манипулации. Таа потврди дека разговори за мигранти водат многу земји, меѓу кои и САД, но „не може да зборува за разговорите што ги води Обединетото Кралство“.
Но, кујните на ДПМНЕ веднаш ја зготвија минуплацијата дека таа всушност му упатила пораки на претседателот Филипче.
Преку успешната акција „Разоткривање“ на Антикорупискиот тим на СДСМ тој систем целосно е разоткриен и сега што и да прават само го потврдувата она што го покажавме.
Сè е по сценариото на Вучиќ, copy-paste.
Да потсетиме. Во 2016 година за време на изборите во САД во Македонија функционираше центар за производство на лажни вести, кој беше користен во кампањата против кандидат за претседател на САД.
Пред неколку дена, актуелниот претседател на САД на својот X-профил објави дека при изборите во 2020 година (против него) биле користени сервери од Србија за манипулација со електронското гласање.
А видовме и вчера како завршува таа политика. Србија доби шлаканица од САД. Кушнер се повлече од проектот затоа што Вучиќ манипулирал со документацијата, а народот масовно се крена против проектот. За сето ова пишуваше и New York Times.
По тоа следеше уште една шлаканица, овој пат од Европската Унија. Марта Кос јасно порача: сакаме Србија, но демократска Србија.
Тоа е истата политика на ДПМНЕ во Македонија.
Лажни вести, манипулации, одвлекување на вниманието на граѓаните од главните теми, од криминалот и корупцијата, од договорот мигранти за пари, од катастрофалната економска политика и намерната изолација на земјата надвор од ЕУ.

Македонски






