Skip to main content

Во Општина Дебар денеска правото на глас треба да го остварат 137 болни и изнемоштени лица

 Во Општина Дебар денеска правото на глас, во домашни услови треба да го остварат 137 болни и изнемоштени лица.

За вториот круг доставени беа 60 барања а од нив прифатени се 57. Во првиот изборен круг, на 19 октомври, доставени беа 83 барања, прифатени 80 а гласаа 76 болни и изнемоштени лица. Како комисија максимално се ангажираме и се е подготвено за утрешниот изборен ден“, информира за МИА, Рилинд Хаса, претседател на Општинската изборна комисија.

На минатите локални избори, во вториот круг правото на глас го остварија 60 лица, што беше за 40 лица повеќе од првиот изборен круг, кога гласаа 20 болни и изнемоштени лица.

Во оваа општина, ќе се гласа на 27 избирачки места, во единствениот избирачки список се запишани 19763 лица со право на глас. На 19 октомври правото го искористиле 8052 или 40,72 отсто. 

Поврзани вести