Skip to main content

Во Кавадарци се одржа работилница за почитување на различностите и градење општество без дискриминација

Во Кавадарци се реализираше работилница за почитување на различностите и градење општество без дискриминација, информираа од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.

Комисијата за еднакви можности одржа едукативна работилница на тема „Родова еднаквост“ со учениците од ООУ „Димката Ангелов – Габерот“ во Ваташа. Целта на работилницата беше да се подигне свеста кај младите за значењето на еднаквите можности меѓу жените и мажите, почитувањето на различностите и градењето на општество без дискриминација“, соопштија од кабинетот на градоначалникот.

Преку интерактивна дискусија и едукативни активности, учениците имале можност да научат повеќе за родовата еднаквост и нејзината важност во секојдневниот живот.

Комисијата ќе продолжи и во иднина со вакви активности, со цел едукација и поддршка на младите во градењето на општество засновано на почит, еднаквост и толеранција“, посочија од кабинетот на градоначалникот. 

Поврзани вести