Skip to main content

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Филипче ја составил техничката спецификација без соодветен елаборат за електрична енергија?

Сведоштвата на поранешната обвинителка Кадриу ја отвораат вистината за модуларната болница во Тетово. Според Кадриу, сериозни наводи укажуваат на низа пропусти при изградбата на модуларната болница во Тетово, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Филипче ја составил техничката спецификација без да има елаборат за електрична енергија и без целосно почитување на безбедносните стандарди, со што била загрозена безбедноста на пациентите и персоналот, а причинско-последичната врска за настанување на пожарот е токму поради лошо инсталирана електрична енергија. Дополнително, проектот за изградба на модуларните болници бил финансиран со средства обезбедени преку Светска банка. Според Кадриу, модуларните болници кои Филипче ги изградил чинеле околу 300.000 евра, а за оваа намена биле обезбедени 30 милиони евра, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат:

Каде завршиле останатите пари?

Зошто Филипче ја составил техничката спецификација без соодветен елаборат за електрична енергија?

Зошто не се почитувале безбедносните стандарди?

Што би покажало градежното вештачење доколку, по барање на поранешната обвинителка Кадриу, било извршено тогаш?

-Потребна е темелна истрага и целосно расчистување на сите сомнежи поврзани со овој случај. Одговорност мора да има за пропустите што резултираа со 14 жртви. Законите мора подеднакво да важат за сите. Време е правдата да излезе од фиока, се порачува во соопштението.

Поврзани вести