Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека настаните по повод „прославата“ на денот на албанското знаме, инцидентите и дивеењето на неколку групи се смислено сценарио на СДС и ДУИ кои преку манипулација, ескалација и креирање на етнички тензии се обидуваат да го заштитат криминално стекнатиот капитал.
Антидржавните партии СДС и ДУИ преку манипулирана група од политички насилници направија директен напад врз државата преку чин на агресија кој беше директно насочен кон достоинството на македонскиот народ.
СДС и ДУИ после 7 години власт се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни се, во паника и исплашени поради соочување со правдата и затоа сеат раздор.
СДС и ДУИ се немоќни и во агонија поради тоа што немаат поддршка за протести и токму затоа посегнаа по креирање на меѓуетнички тензии и обид за деескалација“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму додаваат дека за разлика од минатото кога „полицајци се удираа во пајаци“, сега МВР одговори одлучно, брзо и професионално за сите кривично правни настани и прекршочни настани.
МВР во текот на вчерашниот ден реагираа во насока на приведување на учесниците и лицата кои го сквернавеа македонското државно знаме и предизвикаа инциденти.
ВМРО -ДПМНЕ ги осудува ваквите настани и апелира граѓаните да останат смирени и да ги игнорираат црните сценарија на поединци.
Нема да има милост кон никого секој оној кој ќе го прекрши законот и Уставот ќе одговара.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на заштита на стабилноста, безбедноста, заштита на државните симболи и достоинството на граѓаните“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.