
СДС ги остави граѓаните да преживуваат во нивно време со 150 денари на ден. Лицемерието на СДС не престанува. Кога СДС зборува за економските политики на Владата, да ги потсетиме дека тие ја доведоа државата на раб на банкрот, платите стагнираа, а пензионерите секојдневно беа на улиците барајќи зголемување на пензиите. Јавниот долг беше над 60% и историски највисок во нивно време. Инвестициите како Фејсбук, Гугл и стазата за Формула 1 останаа само во фантазијата на Заев и Филипче, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Пред да кажува СДС како се живее во државата, нека го праша Филипче и неговиот ментор Заев од каде им се парите за висококатници во Дубаи, за акции во индиска авиокомпанија, за скапи јахти од приближно 1 милион евра?
Ако се живее навистина тешко, нека кажат како Заев и Филипче со пратенички, министерски, докторски или премиерски плати, успеаја да купат јахти, акции и облакодери низ светот?
За разлика од нив, граѓаните живеат доста поскромно, но за разлика од времето на СДС, не преживуваат. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги зголеми пензиите на пензионери за 7000 денари, ги зголеми платите во МВР, образование, здравство, култура, социјала и администрацијата. Од денес почна и новата мерка за училишен прибор, во која семејствата ќе заштедат од 800 до 2000 денари овој месец. Цената за струјата не се зголеми за 12 месеци ниту за 1%. Дополнително, се помага на социјално ранливите семејства. Само во делот на енергетиката, се направени инвестиции од 1,5 милијарди евра. Тоа значи и отворање на нови работни места. Македонија е 4та во Европа според растот на БДП во првиот квартал, а 6та во светот по привлекување на странски инвестиции според БДП.
Ова се резултатите на политиките на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Се се постигнува кога се работи чесно и транспарентно. Фактите говорат за раст, развој и искрена грижа за граѓаните. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ континуирано гради за својот народ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.