
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски очекува најубедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните локални избори што треба да се одржат во октомври годинава. Според него, партијата ќе има далеку подобар резултат од минатите локални избори. За опозицијата рече дека ќе се движи од нула до три градоначалници максимум.
– Ние сме подобри од изборите од минатата година, но она што е важно е дека ќе имаме далеку подобар резултат од локалните избори и не е нереално дека опозицијата ќе движи меѓу нула и три градоначалници максимум, рече Николоски во вечерашното интервју за Канал 5 телевизија.