Skip to main content

ВМРО-ДПМНЕ: Левица и Апасиев беа против извршители, а од нив купуваат одземен имот за 3 пати пониска цена

Левица и Апасиев кои што декларативно, само за собирање на политички поени, беа против извршителите, сега, на дело, се соработници и од нив купуваат имот одземен од македонски граѓани или фирми, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Тие се фатени живи во сомнителна зделка на деценијата, во која конфискуван имот од извршител во центарот на Скопје го купиле за три пати пониска цена од пазарната.

Само Димитар Апасиев и Левица можат да купат преку извршител одземен имот од некој граѓанин или фирма кои не можеле да го враќаат кредитот, и тоа по багателна цела.

Освен ова, уште поспорен е и ставот на Левица дека извршителот немал ништо со купопродажните преговорите, туку дека тие се договориле со банката и објектот го земале со хипотекарен кредит.

Оттука, легитимно се покренуваат дилеми и се поставуваат прашањата за евентуални договори под маса на сите засегнати страни, Левица и Апасиев, банката и извршителот. Како на пример, ако договарале со банката, како истите ја постигнале таа цена, кога во овој дел од градот, односно централното градско подрачје, цената за метар квадратен е за три пати повисока? Дали има некој скриен договор или друга услуга која не е заведена во договорот?

Додека Апасиев и Левица купуваат одземен имот за три пати пониска цена од пазарната од извршители, кои конфискуваат имоти од граѓани во финансиски потешкотии, граѓаните ја немаат таа среќа да се договорат со некоја банка ниту за приближно таква ниска цена.

За сето ова јавноста очекува и заслужува одговори, а надлежните органи треба да покренат сеопфатна истрага во која темелно ќе го истражат случајот“, се вели во партиското соопштение.

Поврзани вести