Skip to main content

ВМРО-ДПМНЕ им препорача на СДСМ по еден „Диазепам“ на ден

Место одговор во консултација со стручни лица што друго да одговориме на вакво соопштение ни рекоа да им препорачаме ова:Диазепам, препорачува ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа оптеретеност со стриковци и татковци покажува потсвест на напуштено дете кое плаче, рика и со овие глупи соопштенија си ја удира главата од земја за да привлече внимание. Опсесијата со луѓе од други земји но и агресијата со која настапуваат и ова удирање во гради, силење и лудување е веќе дијагноза, а не политика.

Очекуваме ваквава состојба кај СДС да прогресира со оглед на симптомите и манифестациите и укажуваме на јавноста да има разбирање и на нив да гледа како на некој на кого му е потребна стручна помош и да ги игнорира и во таа смисла да ги разбира нивните глупости и лаги кои се дел од оваа симптоматологија.