
Драги сограѓани, со искрени желби за мир, среќа и благосостојба, ВМРО-ДПМНЕ го честита Рамазан Бајрам на сите верници што го слават! Овој празник нека биде потсетник на хуманоста, солидарноста и меѓусебното разбирање, наведуваат во честитката.
Овие денови се потсетник дека вистинската сила на едно општество се мери преку меѓусебната почит, разбирање и грижата за другите, вредности кои се втемелени во нашето општество и кои нè обединуваат без разлика на вера, етничка или друга припадност.
Во период кога заеднички се радуваме, но и во мигови на длабока колективна болка, како што беше неодамнешната трагедија во Кочани, уште еднаш стана јасно дека солидарноста, подадената рака и чувството за заедништво се вкоренети во духот на нашиот народ. Токму таа сплотеност и меѓусебна грижа се темелите врз кои ја градиме посветената, праведна и одговорна држава што сите ја заслужуваме.
Нека вредностите на разбирањето и почитувањето, кои се основа на Рамазан Бајрам, бидат водилка и во градењето на праведно, просперитетно и квалитетно општество за сите граѓани.
Честит Рамазан Бајрам!, се наведува во честитката од ВМРО-ДПМНЕ.