
Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе одржа седница на која преку жрепка се утврди единствена листа на кандидати за Локалните избори 2025.
Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ на избирачкото ливче на локалните избори ќе биде под број 9, додека опозициската СДСМ е на петтото место.
1.Искуство за успех
2.ЗНАМ
3.Демократска партија на Србите
4.Национална Алијанса за интеграција НАИ-ДУИ
5. Коалиција за локални избори 2025 – СДСМ
6.Левица
7.Коалиција Влен
8.Коалиција за Зелена иднинa
9.Коалиција „Твоја Македонија“ – ВМРО-ДПМНЕ
Изборната кампања за изборите започнува в понеделник на 29 септември а завршува на 17 октомври односно 24 часа пред изборите. Граѓаните ќе избираат градоначалници и совети на 19 октомври. Вториот круг на изборите ќе се одржи на 2 ноември.