Skip to main content

ВЛЕН: Очекуваме предлог-законот за правична застапеност наскоро да влезе во собраниска процедура

Новиот закон за правична и соодветна застапеност е најјасен доказ дека она што две децении се користеше како слоган, алиби и алатка за политичка уцена, сега станува законски, мерлив и применлив стандард, соопштија денеска од владината коалиција ВЛЕН.

Со тоа, како што наведуваат, еднаш закогаш се затвора едно од најголемите поглавја на политичка измама против Албанците – прашањето за правична и соодветна застапеност.

„Се очекува законот наскоро да влезе во собраниска процедура. Ги повикуваме сите пратеници, без исклучок, да се вратат на разумот, одговорноста и јавниот интерес. Ова не е партиски закон, туку закон за еднаквост, закон за правда и закон за европската иднина на земјата“,велат од ВЛЕН.

Според коалицијата, фактите се неспорни дека Венецијанската комисија, највисокиот европски орган за уставни и правни прашања даде позитивно мислење за истиот закон.

„Ова дефинитивно ја пробива прогандата на Демократската унија за интеграција (ДУИ), која со години зборуваше за застапеност, но никогаш немаше храброст, волја и политичка чесност да ја регулира со закон. ВЛЕН го направи она што другите само го ветуваа. Правичната застапеност се трансформира во правен механизам што гарантира еднаквост, транспарентност и правда за сите граѓани, без оглед на припадноста и без партиски посредници“,соопштија оттаму.

Со овој закон, како што додават од коалицијата, ја затвораат клучната алка на Охридскиот договор.

„За првпат, правичната застапеност не останува заложник на политичката волја на владите, партиските пазарења или изборни манипулации, туку е регулирана со јасен. обврзувачки и надгледлив закон“,додават од ВЛЕН.

Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи на 12 декември годинава објави дека предлог-законот за правична и соодветна застапеност добил позитивна оценка од Венецијанската комисија. Со ова, како што наведе, се потврдува дека предлог-законското решение е во целосна согласност со европските стандарди и демократски вредности.

Поврзани вести