Skip to main content

Владо Јовановски: Судии и обвинители, сокријте се во глувчешка дупка

Актерот Владо Јовановски го искажа својот револт од обвинителите и судиите. Поттикнат од одлуката Обвинителството да бара краткотраен притвор за осомничените на несреќата во Кочани тој напиша:

Еден апел до медиумите.
Ве молам да не му давате медиумски простор на оној кој сè уште се претставува како државен јавен обвинител.
Тој како и неговиот предходник е докажан молчељубец.
Најточно кажа Mersiha Shukri:
“Години на молк секогаш водат до минута молк”.
Обвинители и судии:
Вие треба да им слугувате на народот и на правдата, а не да бидете слуги на тие кои ве поставиле.
МРШ, да не ве гледаат моиве очи.
Сокријте се во глувчешка дупка, а не да нè иритирате со вашето појавување во јавност и со вашите сурати, до сега ниту видени ниту слушнати.
Штетни анонимуси едни низаедни!
МРШ!!!

Поврзани вести