Skip to main content

Утре ослободени од работа жителите на Кочани за да оддадат почит на жртвите од пожарот во Пулс

Владата на вондредната он лајн седница ги донесе следните чекори:

  1. Државните институции се задолжуваат да препорачаат на локалната самоуправа и работодавачите од приватниот сектор да ги ослободат од работа вработените на подрачјето на Кочани.
  2. Здравствените, образовните установи и градинките треба да организираат вршење на услуги согласно потребите.
  3. Министерството за внатрешни работи се задолжува да преземе потребни безбедносни и сообраќајни мерки.
  4. Министерството за здравство, во соработка со Центарот за управување со кризи и Територијалната противпожарна единица на Кочани, треба да преземат мерки согласно нивната надлежност.

Владата на Република Македонија, во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР) и во консултација со Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), како и со Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изготвија протокол за безбедност при известување од погребот на жртвите од трагичниот настан што се случи на 16 март во Кочани.

За претставниците на медиумите кои ќе известуваат за настанот, полициските службеници ќе обезбедат посебна зона од патот на поворката, на 300 метри од влезот на капелата до градските гробишта во Кочани. Овој простор ќе биде обезбеден од припадници на МВР со цел да се гарантира ред и безбедност во означената област. На оваа зона исто така ќе важи забраната за управување со беспилотни летала (дронови).

Овој медиумски протокол има за цел да ја заштити приватноста на семејствата на жртвите, додека истовремено овозможува новинарите и снимателите безбедно да го следат настанот од соодветна дистанца.