Skip to main content

Утре „Денови на кочанскиот ориз“ во симболична форма поради трагедијата во Кочани

Традиционалната манифестација „Денови на кочанскиот ориз“ ќе се одржи утре со почеток во 10:00 часот. Според организираторот – Општина Кочани, ова издание на манифестацијата ќе биде симболично, а поради трагедијата од 16 март во Кочани, годинава не се поканети гости, делегации и учесници уметници.   

Скратената програма и содржини предвидува на нива кај Институтот за ориз, претставници на Здружението на пензионери – Кочани и на членови на ФА „Љупчо Сантов“ од Оризари да го прикажат обичајот зажнејување на традиционален начин. 

Во рамките на овој настан, ќе му биде доделена награда на најуспешниот оризопроизводител.

Исто така, професори од Земјоделскиот факултет при УГД ќе го претстават проектот  „КАРБОНИКА – Јаглеродна иницијатива за климатски отпорно земјоделство“.