Skip to main content

Уставните имени не биле дел од предизборната програма на Вреди

Спикерот Афррим Гаши на „Канал 5“ беше прашан колкави се шансите во 2025 година  да се случат уставните измени, Тој рече дека во нивната предозборна програма тоа не било условот. – Тоа се спомна во неколку изјави, но во предизборната програма на Коалицијата „ВЛЕН“ не беше тој услов.

Ние рековме ќе направиме напори што побргу да се направат измените. Тоа го правиме. Денеска како мнозинство имаме заеднички став околу тоа, се обидуваме да предизвикаме гаранции и мислиме дека така и ќе го озбезбедиме и процесот затоа ако ни се случи по уставни измени уште едно вето врз база на етнички и идинтетски прашања тоа може да го доведе процесот до ризик на продолжување на процесот на интеграцијата на нашата земја во ЕУ, рече Гаши. Додаде дека очекува што побргу да се случат уставните измени, но, како што рече, сепак кажувам дека зависи од повеќе политички фактори.

Според него, не треба преку избори да се креира цело време нестабилност. Оваа политичка волја на граѓаните, како што рече, е многу јасна, а преку локални избори на некој начин ќе се провери, иако локални избори и парламентарни избори се различни начини на изјаснување на политичка волја. Смета дека е доволно ако има локални избори. – Оваа Влада, оваа програма како што е почнато, може да продолжи четири години да ја реализира и по четири години ќе видиме што ќе кажат граѓаните и ние сами ќе видиме што сме реализирале од тоа што сме го ветиле, рече Гаши. 

Поврзани вести